ПРВ.мк
Македонија

Што се случува на автопатот Тетово–Гостивар? За кратко време три сообраќајни незгоди кај „Неготинска клучка“

Што се случува на автопатот Тетово–Гостивар? За кратко време три сообраќајни незгоди кај „Неготинска клучка“
Kristal

Во текот на вечерва, на автопатскиот правец Тетово–Гостивар, на делницата кај таканаречената „Неготинска клучка“, се случиле три одделни сообраќајни незгоди во многу краток временски интервал, во кои биле вклучени околу десет возила.

Според првичните информации од надлежните институции, во несреќите едно лице се здобило со телесни повреди, но засега нема информации за потешко повредени или загинати лица.

Поради серијата сообраќајки, движењето на возилата на овој дел од автопатот се одвива отежнато, со намалена брзина и повремени застои, што создава дополнителен ризик за нови инциденти.

Портпаролот на СВР Тетово, Фатмир Реџепи, информираше дека полициски екипи се присутни на терен, каде што работат на обезбедување на местата на незгодите, расчистување на коловозот и враќање на нормалниот тек на сообраќајот.

Како најверојатни причини за сообраќајните незгоди се посочуваат неприлагодената брзина на движење и појавата на голомразица, при што сите три инциденти се случиле на релативно мала меѓусебна оддалеченост.

Надлежните служби упатуваат апел до возачите да бидат особено внимателни, да ја прилагодат брзината на условите на патот и да внимаваат во вечерните и утринските часови, кога ризикот од поледица е значително зголемен.

FixCredit
Escape

Најнови вести

Escape
Mia Home Mavrovo
Escape