ПРВ.мк
Македонија

Шок за пушачите: Цигарите во Македонија поскапеа – еве колку ќе ве чинат од сега

Шок за пушачите: Цигарите во Македонија поскапеа – еве колку ќе ве чинат од сега

Од 1 септември, цената на кутија цигари во Македонија е зголемена за 10 денари, како дел од постепеното усогласување на акцизите со европските стандарди, кое ќе се спроведува до 2030 година.

Според Светската здравствена организација, околу 45% од граѓаните се активни пушачи, што ја става Македонија меѓу земјите со највисок процент на зависници од тутун во Европа. Целта на новата акцизна политика е постепено намалување на бројот на пушачи и приближување кон европскиот просек од околу 15,4% во 2025 година.

Пушењето во земјава предизвикува околу 4.000 смртни случаи годишно, а со новата мерка се очекува дел од граѓаните да се одлучат да го остават тутунот. Зголемувањето на цените е дел од пошироката стратегија за подобрување на јавното здравје и усогласување со европските регулативи.

Escape