ПРВ.мк
Македонија

Шок на аеродром: Спречен обид за шверц на дрога – еве што пронашле во багажот!

Шок на аеродром: Спречен обид за шверц на дрога – еве што пронашле во багажот!
Kristal

Царинската управа соопшти дека е спречен обид за криумчарење хашиш на Меѓународниот аеродром во Скопје. Едно лице е приведено и против него е поднесена кривична пријава.

Според информациите, царинските службеници при влез во државата извршиле детална контрола на патнички багаж, при што во лични предмети била пронајдена вакумирана ќеса со 48,8 грама хашиш. Лицето патувало со лет од странство кон Скопје, а дрогата, според првичните информации, била набавена во друга европска држава со намера да се внесе и незаконски да се пушти во промет во земјата.

Патникот е лишен од слобода, а против него е поднесена кривична пријава за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.

Од Царинската управа истакнуваат дека овој случај уште еднаш ја потврдува нивната постојана будност и подготовка за откривање обиди за криумчарење, без разлика на методите кои ги користат прекршителите.

Escape