ПРВ.мк
Македонија

Девет странки приведени, им се забрани влез во државата – ова е причината!

Девет странки приведени, им се забрани влез во државата – ова е причината!
Kristal

Девет странски државјанки се приведени поради сомнение дека го злоупотребиле туристичкиот престој во земјава. Приведувањето било извршено при полициска контрола во угостителски објект на поширокото гостиварско подрачје.

Според информациите, полициските службеници затекнале вкупно 13 женски лица, од кои девет биле странки, а четири домашни државјанки. За странските државјанки било утврдено дека престојувале спротивно на законската регулатива за туристички престој.

По преземените мерки, деветте лица се приведени и против нив се поднесени соодветни пријави. Од страна на надлежниот суд им е изречена забрана за влез во државата во времетраење од една година, како и парична казна.

Надлежните институции најавуваат дека ќе продолжат со засилени контроли за спречување на злоупотреби на туристичкиот престој и други незаконски активности.

Escape