ПРВ.мк
Македонија

НАПАД ВО УЧИЛИШТЕ: Малолетник нападнат во соблекувална – полицијата отвори истрага!

НАПАД ВО УЧИЛИШТЕ: Малолетник нападнат во соблекувална – полицијата отвори истрага!
Kristal

Вчера околу 18:00 часот, во СВР Скопје било пријавено дека во соблекувална од основно училиште на подрачјето на Чаир дошло до сериозен инцидент. Мајката Б.М. (47) пријавила дека нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од друг малолетник.

Инцидентот се случил околу 10:40 часот, а случајот веднаш бил пријавен до надлежните органи.

Полицијата информира дека се преземаат сите неопходни мерки за целосно расчистување на настанот и утврдување на одговорноста.

Escape