Загрижувачки случаи на вандализам во модуларната болница во Штип
Во изминатиот период, модуларната болница во Штип стана мета на сериозни вандалски акти. Непознати сторители намерно ја саботираат електричната инсталација во објектот, со што постои реална опасност од краток спој и појава на пожар. Вандализмот директно ја загрозува безбедноста на здравствениот персонал, пациентите и самиот објект, со сомнеж за намерно предизвикување на пожар.
Дополнително, овие дејствија ја успоруваат и реконструкцијата на болницата, што треба да донесе подобри услови за пациентите и медицинскиот кадар. Надлежните институции се повикани на итна и решителна реакција, бидејќи станува збор за сериозна закана по јавната безбедност.
Објавата на Владко Захариев ви ја пренесуваме во целост:
Загрижувачки случаи на вандализам во модуларната болница во Штип!Во изминатиот период, модуларната болница во Штип неколкупати е мета на намерни оштетувања. Непознати сторители саботираат делови од електричната инсталација, со сериозен ризик да предизвикаат краток спој и пожар. Со тоа директно се загрозува здравствениот персонал и безбедноста на објектот, посакувајќи намерен пожар.Дополнително, овие вандалски акти ја успоруваат и одложуваат планираната реконструкција и унапредување на модуларната болница, која треба да обезбеди подобри услови за згрижување на пациенти и работа на медицинскиот кадар.Станува збор за сериозна закана која бара итна и решителна реакција.