Прашувањето за Гренланд повторно го разгорува глобалниот интерес, особено по најавите на САД за зголемено присуство на островот. Рускиот претседател Владимир Путин ретко директно коментира теми поврзани со Гренланд, но пораките од Кремљ се јасни: Русија нема територијални претензии кон островот, но внимателно ги следи сите активности на САД и НАТО во Арктикот.
Путин на меѓународни форуми посветени на Арктикот потсетил дека американскиот интерес за Гренланд има долга историја, уште од 19 век, и дека актуелните случувања се дел од поширок контекст. Според него, прашањето за Гренланд е однос меѓу САД, Данска и локалното население, и директно не ја засега Русија.
Поостри се изјавите на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, кој предупредува дека ситуацијата околу Гренланд ја отсликува „кризата во НАТО“ и зголемената милитаризација на Арктикот. Тој нагласува дека ваквите потези ја нарушуваат стабилноста во регионот, алудирајќи на колонијалното минато на Данска, но со јасна отфрлање на какви било планови на Русија или Кина за анексија.
За Москва, Гренланд е важен како дел од стратегиската карта на Арктикот поради природните ресурси, новите трговски рути и климатските промени. Официјалната руска позиција останува внимателна: набљудување, дипломатска реторика и критика, без директно вмешување во статусот на островот.

















