ПРВ.мк

Приведено лице од липковско, управувал возило со брзина од 108 км на час во населено место каде е дозволено 40 км на час

Приведено лице од липковско, управувал возило со брзина од 108 км на час во населено место каде е дозволено 40 км на час
VERO Banner

Приведено лице од липковско, управувал возило со брзина од 108 км на час во населено место каде е дозволено 40 км на час

На 24.03.2025 во 11.30 часот, на регионален пат Куманово – село Никуштак, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај при СВР Куманово го лишиле од слобода Ф.А.(21) од село Никуштак, општина Липково.

При контрола на патниот сообраќај било констатирано дека управувал патничко моторно возило „фолксваген голф“ со брзина од 108 километри на час во населено место каде што дозволената брзина е 40 километри на час.

Против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 297а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

Agria
Stenton
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран