ПРВ.мк
Македонија

Познат македонски тату артист ја победи најголемата борба со животот – еве што откри за ракoт!

Познат македонски тату артист ја победи најголемата борба со животот – еве што откри за ракoт!
Kristal

Светски реномираниот македонски тату артист, Горан Миќиќ, ја објави радосната вест дека го победил ракот. На својот Инстаграм профил, тој откри дека се борел со рак на тироидна жлезда, но дека сега е „ослободен од рак“.

– „Животот не знаеш што ти носи, затоа сакајте ги и почитувајте ги најблиските околу вас. Ослободен од рак“, напиша Миќиќ, додавајќи дека не сака да предизвика сожалување, туку да даде поддршка на оние кои се борат со слична состојба.

Тој истакна дека ја споделува својата приказна за да помогне на други луѓе кои се соочуваат со рак на тироидната жлезда, да знаат каде можат да побараат совет и поддршка.

– „Не ми е цел да ме сожалувате. Ова го постирам со цел да помогнам на некој што му треба каков било совет и каде да се обрати за рак на тироидна жлезда. За некои луѓе немам зборови“, напиша Миќиќ.

Со оваа храбра објава, Горан испрати силна порака за надеж и борба, потсетувајќи дека животот е непредвидлив и дека секој момент треба да се цени.

FixCredit
Escape