Трагичниот инцидент во Росоман доби нов развој откако МВР откри дека жртвата е 54-годишна жена, убиена од својот 27-годишен син, идентификуван како И.Р.
Од Сектор за внатрешни работи (СВР) Велес информираа дека жената починала на лице место по нанесени убодни рани, а синот веднаш се пријавил во полиција. По пријавувањето, тој бил лишен од слобода и против него ќе следува кривична постапка.
Случајот предизвика шок и вознемиреност во локалната заедница, додека надлежните продолжуваат со истрагата за околностите и мотивите зад овој семеен злостор.


















