ПРВ.мк
Македонија

ТЕШКА НЕСРЕЌА НА РАСКРСНИЦА: Жена тешко повредена откако била прегазена од автомобил!

ТЕШКА НЕСРЕЌА НА РАСКРСНИЦА: Жена тешко повредена откако била прегазена од автомобил!
Kristal

Повозрасна жена-пешак завршила во болница по сериозна сообраќајна незгода што се случила викендов во Скопје, откако била удрена од патничко возило на раскрсница во населбата Аеродром.

Според информациите од полицијата, на 28 март 2026 година околу 09:15 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница меѓу сервисна улица и булеварот Јане Сандански, патничко возило „шкода“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 68-годишен возач, удрило во 75-годишната жена од Скопје.

Во незгодата, пешакот се здобил со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Градска општа болница „Св. Наум Охридски“, каде што ѝ била укажана лекарска помош.

По настанот, увид извршила екипа од СВР Скопје, а се работи на целосно расчистување на околностите под кои дошло до несреќата.

SWM
Mozzart
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo

Најнови вести

Escape
Mia Home Mavrovo
Escape