Во областа Папук, најголемата планина во Славонија на истокот од Хрватска, за само еден ден наврна снег во висина од 1 метар. На врвот снежната покривка надминува 70 сантиметри, а на пониските делови снежните наноси достигнуваат и над 150 сантиметри, поради што некои возила се целосно затрупани.
Патиштата кон планинските делови на Папук се затворени за сообраќај, а општината Чачинци апелира граѓаните да ги почитуваат упатствата и да не се движат кон затворените делови.
Силна и опасна бура ја зафати речиси цела Хрватска. Во Загреб беа оштетени бројни згради, повредени се неколку лица, а наставата беше откажана во 40 училишта и 24 градинки. Хидрометеоролошкиот завод регистрираше налети на ветер со јачина над 115 км/ч, слични на ураган.
Граѓаните се предупредени да останат дома и да ги следат инструкциите на надлежните служби.

















