ПРВ.мк
Македонија

Последната ноќ на претседателот Борис Трајковски: Ќерката Сара и денес не може да сфати зошто му ги кажала токму овие зборови!

Последната ноќ на претседателот Борис Трајковски: Ќерката Сара и денес не може да сфати зошто му ги кажала токму овие зборови!
Kristal

Вчера се навршија 22 години од трагичната смрт на претседателот Борис Трајковски. Последната ноќ пред полетувањето за Мостар, тој останал на работа до 22:30 часот, а кога се вратил дома, децата веќе спиеле. Борис речиси до полноќ разговарал по телефон, обидувајќи се да ја заврши работата пред патувањето.

Ќерката Сара се разбудила и се спуштила долу, и засекогаш ќе ја памети последната слика на својот татко – тој, во бела кошула и вратоврска, седел крај масичката со телефонот во рака. Го гушнала и му рекла:

„Тато, ти многу се промени; ми изгледаш остарено.“

Борис ја погледнал, како да сакаше да каже: „Навистина ли сум остарен?“ Имаше само 48 години. Сара и денес не може да сфати зошто му го кажала токму тоа токму во последната ноќ од неговиот живот, раскажа Вилма Трајковска, сопруга на претседателот, во своето прво интервју по трагедијата, за Нова Македонија.

Во моментот кога Борис Трајковски го загуби животот, неговите деца, Сара и Стефан, беа малолетни. Денес тие се оформени личности: Сара студираше во Лондон, потоа замина во САД каде волонтираше во Постојаната мисија на Македонија при Обединетите нации во Њујорк, додека Стефан дипломираше на Правниот факултет во Скопје.

Оваа емотивна приказна ја потсетува јавноста на човечката страна на лидерот кој остави неизбришлив траг во историјата на Македонија.

SWM
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo

Најнови вести

Escape
Mia Home Mavrovo
Escape