На 26 февруари 2026 година во 19:30 часот во СВР Скопје, Л.М.П. (19) од Скопје пријавил дека околу 17:10 часот, додека се превезувал во автобус на подрачјето на Центар, бил цел на обид за грабеж.
Според пријавата, две машки и едно женско лице, најверојатно малолетници, со употреба на сила се обиделе да му ја одземат чантата.
Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот и идентификување на сторителите.


















