ПРВ.мк

Полицијата за време на викендов казнила повеќе од 2.000 возачи – еве за што најмногу се казнувало

Полицијата за време на викендов казнила повеќе од 2.000 возачи – еве за што најмногу се казнувало
VERO Banner

Покрај ова, а согласно Законот за возила од сообраќај биле исклучени 58 нерегистрирани возила и 12 технички неисправни возила.

Во деновите од изминатиот празничен викенд (08/09.03.2025) како и во петокот (07.03.2025), сублимираните статистички бројки од преземените сообраќајни контроли во поглед на спроведувањето на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Законот за возила на патиштата низ земјава, покажуваат дека во викендите и натаму нивото на сообраќајна култура, совесност и одговорност е под задоволителните критериуми.

И овој пат во рамки на посочените денови евидентиран е релативно поголем број издадени платни налози 2045, во која што бројка предничат прекршоците по основ на возење со брзина поголема од дозволената 637, потоа неправилно паркирање 393 прекршоци. За возењето без возачка дозвола изречени се 225 мерки како и возење под дејство на алкохол 146 санкции.

Инаку во сообраќајните контроли полициските службеници во 115 случаи издале прекршочни платни налози заради некористење сигурносен појас, 56 санкции за користење на мобилен телефон при возење, како и 35 мерки за возачи на мотоцикли поради некористење заштитна кацига, 14 санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло).

Покрај ова, а согласно Законот за возила од сообраќај биле исклучени 58 нерегистрирани возила и 12 технички неисправни возила.

Министерството за внатрешни работи продолжува со засилените мерки и активности во поглед на сообраќајната безбедност, а континуирано се реализираат и превентивни активности низ сите сектори за внатрешни работи во насока на укажувања и апелирања до сите учесници во сообраќајот за целосно почитување на сообраќајните правила и прописи.

Agria
Stenton
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран