Вчера, полициски службеници од ОВР Виница лишија од слобода пет лица поради основано сомнение за сторено кривично дело „присвојување на добра под привремена заштита или културно наследство или природни ресурси“. Меѓу уапсените се 61-годишниот И.А. и 63-годишниот С.А. од село Јакимово, 66-годишниот Д.Т. од Кочани, како и 62-годишниот М.И. и 30-годишниот Ј.М. од Виница.
При контрола на пат во атарот на село Калиманци, полицијата сопрела два автомобили – „фиат браво“ и „опел вектра“ – во кои биле пронајдени метален детектор и алат. По насоки на јавен обвинител и со помош на кустоси од Музеј „Теракота“ Виница, било утврдено дека лицата во периодот од 13 до 15 декември 2025 извршиле нелегални ископувања.
При претреси во домовите на М.И., С.А. и И.А., полицијата одзела шест метални детектори, кутија со 43 златни и сребрени монети со различна големина и друг алат. По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава против уапсените.
















