Денеска околу 19:00 часот се случи сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, кај клучка Манастирец. Поради тоа, сообраќајот привремено беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти Автомото сојузот на Македонија (АМСМ).
Увидот на полицијата траеше кратко, и веќе во 20:25 часот патот беше целосно пуштен за сообраќај, при што возилата повторно се движат нормално.
















