Граѓаните се известуваат дека од 17 декември 2025 година ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците што ги доставиле при регистрација на возилата, доколку тие се променети или ако имаат добиено известување со неточни информации.
Ова ќе се извршува на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје. Шалтерот ќе работи секој работен ден од 08:00 до 17:00 часот.
Граѓаните можат да ја извршат промената и низ станиците за технички преглед на возила во државата, каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Дополнително, сите забелешки, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“ можат да се достават писмено по електронска пошта на [email protected]. Сите доставени информации ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури за унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните.
















