ПРВ.мк
Македонија

БЕЗ ПАНИКА: Сите училишта известени како да постапуваат при дојави за бомби - еве што треба да направите!

БЕЗ ПАНИКА: Сите училишта известени како да постапуваат при дојави за бомби - еве што треба да направите!
Kristal

Министерството за образование и наука (МОН) информира дека упатството за постапување по дојави на бомби е детално доработено и доставено до сите училишта, но сепак нема прецизна информација како училиштата го спроведуваат тоа на терен.

– „Постои несоодветна комуникација меѓу институциите, односно меѓу врвните институции и оние што се под нив. Како што министрите имаат обврска, така и градоначалниците и директорите на училиштата имаат обврска. Се дадени препораки како наставникот треба да ги извлече учениците, на која одалеченост од училиштето и кога да ги врати назад на настава. Во однос на превозот е одговорност на градоначалниците“, појасни министерката Јаневска.

Ова е изјавено како дополнување на одговорот на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, кој одговараше на прашање за лажните дојави на бомби во тетовската гимназија. Тошковски нагласи дека вакви дојави имало во повеќе градови и дека МВР постапува согласно антитерористички протоколи секогаш кога има каква било дојава, без разлика дали станува збор за училиште или друго место со поголем број граѓани.

– „Сакам да ве уверам дека постапуваме согласно стандарди и протоколи како и останатите европски земји. Делуваме превентивно и соодветно, но факт е дека кога има ваков тип на дојави, согласно протоколот мора да се напушти објектот и да се изврши евакуација“, рече Тошковски. Тој додаде дека не се согласува со тврдењето дека МВР не постапувало соодветно, напротив, сега многу подобро се справува со ваквите случаи.

Министерот посочи дека при појава на проблеми веднаш се прават обиди тие да се решат, нагласувајќи дека безбедноста на граѓаните, особено на децата, е апсолутен приоритет.

– „Ве уверувам дека максимално се преземаат дејствија во надлежност на МВР“, заклучи Тошковски.

FixCredit
Escape

Најнови вести

Escape
Mia Home Mavrovo
Escape