Полициски службеници вчера извршија претрес во Кавадарци, при што беа уапсени Н.И. (31) и Д.Н. (21). При преглед на патничко возило „мерцедес“ со кавадаречки регистарски ознаки, кое го управувал Д.Н., а Н.И. бил сопатник, биле пронајдени дигитална вага и бела грутчеста материја.
Исто така, полицијата открила бела материја која претходно Д.Н. ја фрлил од возилото. При претресите на нивните домови, кај Д.Н. била пронајдена бела прашкаста материја, а кај Н.И. дигитална вага со остатоци од истата супстанца.
Двајцата се задржани во полициска станица, а за случајот е известен јавен обвинител. По целосно документирање на настанот, против нив ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

















