ПРВ.мк

Полицијата уапси кумановец кој возел со 2.34 промили алкохол во крвта

Полицијата уапси кумановец кој возел со 2.34 промили алкохол во крвта
Jumbo Banner

Лишен од слобода кумановец затоа што управувал возило под дејство на алкoхол

На 06.04.2025 во 00.58 часот на ул.„Ѓорче Петров“ во Куманово, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај при СВР Куманово го лишиле од слобода В.П.(45) од Куманово. При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „пежо“ со кумановски регистарски ознаки, кое го управувал, и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека му биле измерени 2.34 промили алкохол во крвта. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

Agria
Stenton
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран