Лишен од слобода кочанчанец затоа што управувал возило под дејство на алкохол
На 18.05.2025 во 01.10 часот на улица „8 Септември“ во Кавадарци, полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај при ОВР Кавадарци го лишија од слобода Ф.Ц.(27) од Кочани. При сообраќајна контола и преземени мерки констатирано е дека управувал патничко возило „фолксваген голф“ со кочански регистарски ознаки под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,51 промили алкохол во крвта.
Ф.Ц. е задржан во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена пријава по член 297 – а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.