Првиот заменик-премиер Изет Меџити откри дека автомобилот на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, бил задржан од полицијата цел ден, под сомнение дека поранешниот премиер Никола Груевски можел да избега со него.
Меџити ја поврза оваа случка со сомнителните врски на тогашната власт и истакна дека јавноста заслужува целосна вистина за настаните околу бегството на Груевски во Будимпешта.