Утре (недела 25 мај) поради продор на многу поладен воздух од север и од североисток, на планините над 1700/1800 метри надморска височина, и особено во западните предели, врнежите од дожд ќе преминат во врнжи од снег. Можно е формирање и на мала снежна покривка токму на овие места.
Сето ова ќе биде проследено со повремено засилен ветер од северен правец (повремено и локално со брзина од над 60 км/час).
Температурите утре (недела 25 мај) ќе бидат значително потпросечни за овој период од годината и ќе се искачуваат во интервалот само од 10 до 18 степени. На планинските места ќе биде многу поладно, со температури кои ќе се спуштат и близу 0 степени, а на највисоките планински места тие ќе се спуштат дури и под нулата.