Како и секогаш, Халк Банк пријатно ги изненади пензионерите, кои уште денес, 30.10.2025, ја добија својата октомвриска пензија. Според законот, исплатата требаше да започне дури на први ноември, но банката повторно покажа грижа за своите клиенти, овозможувајќи им рана достапност на средствата, пишува Centar.mk.
Во официјалната објава на социјалните мрежи, банката го соопшти следново:
– Драги пензионери, Пензиите за октомври се веќе достапни!
Од денес, вашите средства можете да ги подигнете на вашите сметки во сите филијали на Халк Банк, на сите банкомати, преку електронско и мобилно банкарство. Доколку имате дадено согласност, исплатата е достапна и во поштенските единици на Пошта на Северна Македонија.
Банката ја потенцира важноста на луѓето и нивната грижа, истакнувајќи дека брзата и предвремена исплата е начин да се обезбеди комфор и сигурност за пензионерите.
Не дознавај последен- читај ПРВ.мк















