ПРВ.мк
Магазин

(ФОТО) Белгиски министер со жестока порака до Русија: „Ќе ја срамниме Москва со земја ако нападнат!“

(ФОТО) Белгиски министер со жестока порака до Русија: „Ќе ја срамниме Москва со земја ако нападнат!“

Белгија е во состојба на тревога по инцидент со два дрона забележани над воена база во југоисточниот дел на земјата. Настанот предизвика итна реакција од полицијата и разузнавачката служба ADIV, а министерот за одбрана Тео Франкен испрати остро предупредување до Москва.

Во две објави на платформата Х (поранешен Твитер), Франкен изјави дека стражарите во касарната во градот Марш-ан-Фамен забележале неколку дронови како летаат над стратешки делови од базата на 26 октомври и претходниот ден.

„Ова не беше дело на аматери, туку на искусни оператори на дронови“, рече Франкен, појаснувајќи дека истрагата е во тек и дека постои сомневање за странска вмешаност.

Инцидентот доаѓа во момент кога НАТО земјите се соочуваат со сè поголем број сомнителни летови на дронови над воени бази низ Европа — од Белгија и Данска, па сè до Германија и балтичките држави.

Франкен, во изјава за белгискиот весник „Морген“, предупреди дека постои реална можност за руски ракетни напади врз Брисел, а неговите зборови предизвикаа силни реакции во јавноста.

„Доколку Москва се осмели да нападне, ќе биде избришана од картата. Ќе ја срамниме со земја“, изјави министерот, нагласувајќи дека Белгија и нејзините НАТО-сојузници нема да дозволат никаква агресија врз европска територија.

На прашањето дали стравува од директен напад од страна на рускиот претседател Владимир Путин, Франкен одговори: „Не. Затоа што тоа би значело напад врз срцето на НАТО, а тогаш одговорот би бил разорен.“

Белгиските власти најавија дека безбедносните протоколи околу воените бази се засилени, додека истрагата за потеклото на дроновите продолжува. Европските безбедносни агенции, во координација со НАТО, ја следат ситуацијата како потенцијална закана за сојузот.

Инцидентот, според експертите, може да стане најсериозниот сигнал за нова етапа на технолошко шпионирање и провокации во Европа, во време кога односите меѓу Западот и Русија се на најниско ниво од Студената војна.

Escape

Најнови вести

Escape
Mia Home Mavrovo
Escape
DIK