ПРВ.мк
Македонија

Падна полицаец – му помогнал на колега да ги уништи доказите за синот осомничен за дрога

Падна полицаец – му помогнал на колега да ги уништи доказите за синот осомничен за дрога
Kristal

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава против Ф.Н., полициски службеник во Одделението за криминалистичка полиција при СВР Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „попречување на правдата“, предвидено и казниво по член 368-а став 8 од Кривичниот законик.

Пријавениот, како дежурен криминалистички техничар за криминалистичка регистрација на 4 октомври 2025 година, преземајќи службени дејствија во случај во кој две лица биле лишени од слобода поради сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ (член 215 од Кривичниот законик), му овозможил на полицискиот службеник О.С. – кој на наведениот датум не бил работно ангажиран, а воедно е и татко на едно од лишените од слобода лица, И.С. – да има целосен увид во службената документација, да располага со неа и да ги придружува лицата во постапката за прибирање биолошки траги.

О.С. зел примероци од урина од лишените од слобода, а по вештачење било потврдено дека примерокот на урина на И.С. всушност бил даден од неговиот татко, полицискиот службеник О.С.

Со овие дејствија пријавениот Ф.Н. имал намера да ги уништи доказите и да го спречи или отежне докажувањето во постапката.

Одделот за внатрешна контрола најави дека против Ф.Н. ќе биде поднесен предлог за поведување дисциплинска постапка и ќе биде изречена задолжителна мерка – отстранување од работното место (суспензија).

Escape