ПРВ.мк
Македонија

Овие два производи се трошат како алва - прометот во продавниците скокнал дури за 15.9%

Овие два производи се трошат како алва - прометот во продавниците скокнал дури за 15.9%
Kristal

Прометот во продавниците бележи значителен раст, особено кога станува збор за цигари и пијалоци. Според Државниот завод за статистика, во октомври оваа година, во однос на истиот месец минатата година, прометот во овие групи се зголемил за дури 15,9% номинално, односно реално за 7,3%.

Покрај цигарите и пијалоците, статистиката покажува дека зголемување има и во трговијата со храна, како и во трговијата со горива, иако реалниот раст во овие сегменти е понизок.

Заводот нагласува дека овие податоци покажуваат зголемена потрошувачка кај граѓаните, што делумно се објаснува со економскиот раст, но и со ценовните промени кои влијаеле на номиналниот промет.

FixCredit
Atensa 300
Escape