ПРВ.мк
Македонија

Општина Кавадарци продолжува со модернизација на уличното осветлување: Нови енергетски ефикасни LED светилки на повеќе локации!

Општина Кавадарци продолжува со модернизација на уличното осветлување: Нови енергетски ефикасни LED светилки на повеќе локации!

Општина Кавадарци го продолжува процесот на инвестирање во подобрување и модернизација на уличното осветлување, со цел зголемување на безбедноста и енергетската ефикасност во градот.

Од Одделението за улично осветлување при општината информираат дека на повеќе локации во градското подрачје се поставува ново LED осветлување. По завршувањето на работите на Западен Булевар, активностите продолжуваат и на други сообраќајници.

Во тек е поставување на нови енергетски ефикасни светилки на улицата „Пане Иванов“ и на булеварот „Мишо Шкартов“, со што се продолжува планот за постепена замена на старото улично осветлување со современа LED технологија.

Вкупната вредност на договорот за овие активности изнесува 1.998.802 денари со вклучен ДДВ, а изведувач на работите е компанијата „Елмонд Електро“ од Скопје.

Со оваа инвестиција, општината продолжува со стратегијата за подобрување на инфраструктурата, намалување на потрошувачката на електрична енергија и обезбедување подобро осветлени и побезбедни јавни површини за граѓаните.

Најнови вести