ПРВ.мк
Македонија

Општина Бутел продолжува со голема инфраструктурна програма 70 улици со инвестиција од 150 милиони денари

Општина Бутел продолжува со голема инфраструктурна програма 70 улици со инвестиција од 150 милиони денари

Интензивно продолжуваат градежните активности за асфалтирање и реконструкција на улиците во Општина Бутел, информира градоначалникот Дарко Костовски. Според објавата, веќе се целосно реконструирани две улици во населбата Радишани, додека на првиот крак од улицата Боро Менков е поставен завршниот слој асфалт.

Од општината најавуваат дека наскоро ќе продолжи реконструкцијата и асфалтирањето и на останатите улици кои се опфатени со градежната офанзива, која се реализира со силна динамика и на повеќе локации.

Во рамки на програмата, планирано е да се асфалтираат и реконструираат вкупно 70 улици, со инвестиција од 150.000.000 денари. Од Општина Бутел посочуваат дека целта е надминување на постоечките проблеми и обезбедување еднаков и рамномерен развој во сите населени места.