Попладнево избувнал пожар во близина на Ресен, а според првичните информации огнената стихија се движи во правец на Претор.
Засега нема официјални информации за точната локација на пожарот, ниту колкава површина е зафатена од огнот. Не е потврдено ниту дали на терен веќе се испратени пожарникари и други надлежни екипи за интервенција.
Состојбата на теренот се следи, а повеќе детали за развојот на пожарот и евентуалното негово проширување се очекуваат во текот на вечерта.
Во овој момент нема информации за загрозени или повредени лица.








