ПРВ.мк
Македонија

Од 1 јануари поскапуваат специјалистичките прегледи: Еве колку ќе чини новата партиципација!

Од 1 јануари поскапуваат специјалистичките прегледи: Еве колку ќе чини новата партиципација!
Kristal

По повеќе од десет години непроменети цени, Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) ќе ги зголеми партиципациите за дел од здравствените услуги во јавните болници. Генералниот директор на ФЗО, Сашо Клековски, објасни дека најзначајната промена се однесува на специјалистичките прегледи — наместо досегашните 380 денари, од 1 јануари граѓаните ќе плаќаат 720 денари.

Клековски го нарече зголемувањето „симболично“, иако реално станува збор за речиси двојно повисока партиципација. Поскапуваат и интернистичките услуги, со пораст од околу 50 проценти. Според пресметките на ФЗО, новите цени ќе обезбедат приближно една милијарда денари годишно, односно околу 16 милиони евра дополнителни приходи за здравствениот систем.

Околу 80 проценти од овие средства ќе завршат во јавните здравствени установи, а остатокот кај приватниот специјалистички сектор. Само од интернистичкиот пакет, ефектот се проценува на околу 340 милиони денари годишно.

Клековски најави и дека во текот на следната година позитивната листа на лекови ќе биде проширена трипати, при што приоритет ќе имаат терапиите за кардиоваскуларни заболувања.

FixCredit
Escape