Во врска со барањето на Обвинителството за продолжување на мерката краткотраен притвор за 16 лица, во меѓувреме се произнесе Основниот суд Кочани. Досега, како што соопштија оттаму, донесени се решенија за продолжување на притворот од 48 часа за десет лица, додека за останатите шест и натаму се одлучува
Основното јавно обвинителство (ОЈО) Кочани до Основниот суд Кочани достави предлози за продолжување на мерката краткотраен притвор за нови 48 часа за 16 лица опфатени во постапката, на кои оваа мерка им истекува во текот на денот, информираа денеска републичкото јавно обвинителство.
Меѓу шеснаесетте лица за кои Обвинителството бара продолжување на 48-часовниот притвор се и ексминистерот за економија Крешник Бектеши и поранешниот директор на Државниот пазарен инспекторат, Горан Трајковски.
Дополнително, како што соопштија оттаму, по предлог на Обвинителството, вчера им е одреден 48-часовен краткотраен притвор на уште две лица и тој сè уште трае.
Во врска со барањето на Обвинителството за продолжување на мерката краткотраен притвор за 16 лица, во меѓувреме се произнесе Основниот суд Кочани. Досега, како што соопштија оттаму, донесени се решенија за продолжување на притворот од 48-часа за десет лица, додека за останатите шест и натаму се одлучува.