Во основно училиште во Дебар вчера се случи вознемирувачки инцидент – неколку малолетници нападнале ученик среде наставниот ден, информира МВР.
Инцидентот бил пријавен во 15:20 часот во ОВР Дебар. Според полицијата, засега се преземаат сите мерки за целосно расчистување на настанот и утврдување на околностите.
Засега нема информации за сериозноста на повредите на учениците, но случајот ја крена тревогата за безбедноста во училиштата во регионот.

















