ПРВ.мк
Македонија

НОВО СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО: Маж брутално ја нападнал сопствената мајка!

НОВО СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО: Маж брутално ја нападнал сопствената мајка!

Педесет и тригодишен кумановец бил приведен вчера по пријава дека ја нападнал неговата мајка.

– На 06.04.2026 во 23:00 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Н.М. (53) од Куманово затоа што физички ја нападнал неговата 77-годишна мајка, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.