По распишувањето на меѓународната потерница за 18-годишниот Саит Саитов, осомничен за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици, на површина излегоа информации од неговото полициско досие.
Според документите, Саитов уште во 2022 година бил санкциониран од СВР Скопје за управување возило без возачка дозвола, согласно член 225 од Законот за безбедност на сообраќајот. Ова укажува дека младиот возач како малолетник управувал моторно возило без потребните квалификации и дозволи.
Исто така, полицијата презела мерки и против неговиот татко, кој добил прекршочна пријава бидејќи свесно му го отстапил возилото на својот син, иако знаел дека тој нема положен возачки испит (член 317 од истиот закон).
Во моментов, Саитов е недостапен за органите на прогонот.

















