ПРВ.мк
Балкан

ВУЧИЌ: „Никој не ги покани во Србија, не сакам да ги видам“

ВУЧИЌ: „Никој не ги покани во Србија, не сакам да ги видам“
Kristal

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека најавената посета на делегацијата на Европскиот парламент во Белград не е договорена со српските институции и дека тој нема да се сретне со нив.

Вучиќ, кој престојува во Абу Даби по повод Неделата на одржливост, нагласи дека делегацијата доаѓа без покана и без официјално известување. Според него, посетата е еднострано најавена, а обвинувањата дека ја избегнува средбата ги оцени како неосновани.

– Тие никого не прашаа и никој не ги покани. Самите одлучија да дојдат. Во тој период јас одамна имам закажани разговори во Давос. Не избегнувам никого, но не ми паѓа на памет да губам време и да се среќавам со луѓе кои, според мене, не ѝ мислат добро на Србија – изјави Вучиќ, додавајќи дека е подготвен да разговара само со оние кои ѝ посакуваат напредок на земјата.

И претседателката на српскиот парламент, Ана Брнабиќ, изјави дека делегацијата на Европскиот парламент доаѓа без покана и дека таа нема да има средба со нив, бидејќи во истиот период ќе биде во официјална посета на Естонија.

Делегацијата на Европскиот парламент најави дека ќе престојува во Белград од 22 до 24 јануари.

FixCredit
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo