ПРВ.мк

Невреме и во Македонија: Еве какво време не очекува во наредниот период

Невреме и во Македонија: Еве какво време не очекува во наредниот период
VERO Banner

Денес (среда 12 март) и во текот на ноќта кон утрешниот ден (четврток 13 март), како и во четврток претпладне под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса од запад, која е во склоп со длабокиот циклонски систем од Атлантикот, во нашата Македонија ќе имаме повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат поројни проследени со грмежи и со услови за појава на град.

Ќе дува засилен до повремено силен ветер од јужен правец (повремено и локално со брзина од на 75 км/час). Процесите локално се очекува да бидат поинтензивни и во форма на невреме.

И во Скопје и околината ќе имаме слично време, со повремени врнежи од дожд кои во делови од котлината ќе бидат поројни и со услови за појава на грмежи. Ќе дува засилен, повремено силен ветер од јужен и од југоисточен правец.

Што се одннесува до температурите, тие ќе бидат невообичаено високи за овој дел од годината и на многу места тие ќе се искачат до околу, па и над 20 степени, а во Повардарието тие се очекува да се искачат, или пак да надминат 25 степени. И во Скопје и околината ќе биде невообичаено топло за овој период од годината со температура која ќе се искачи до близу, или околу 25 степени.

Да напоменам дека поради силното јужно и југозападно струење, од Сахара кон нашата Македонија и понатаму ќе се врши транспорт на прашина и на песок, со што Атмосферата ќе биде заматена, а времето ќе биде многу мачно и спарно.

Славчо Попоски
Метео Аларм

Agria
Stenton
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран