ПРВ.мк
Македонија

Нагло заладување по екстремните горештини: Стигнува студен бран со силен ветер и невреме

Нагло заладување по екстремните горештини: Стигнува студен бран со силен ветер и невреме
Escape

Нестабилен студен воздух од Атлантскиот Океан полека продира над Средоземното Море и ја преминува алпската бариера, носејќи со себе значителен пад на температурите, обилни врнежи и силни грмотевици.

Топлата воздушна маса која моментално се задржува над Балканскиот Полуостров полека се повлекува кон исток. Најсилната точка на судир помеѓу студениот и топлиот воздух – во форма на изразен студен фронт – се движи преку северна Италија, Австрија и Словенија, па над северниот Јадран и северозападните делови на Хрватска.

Движењето на студениот, нестабилен воздух кон исток значително ќе се забрза во текот на вечерта и се очекува фронтот да ја зафати Македонија за време на викендот.

Со неговото пристигнување, метеоролозите прогнозираат нагло опаѓање на температурите за 10 до 15 степени Целзиусови, проследено со бурен северен ветер, интензивни грмотевици и поројни дождови.

Времето денеска останува сончево и екстремно топло, со максимални температури до 43 степени. Ќе дува слаб до умерен, а на места повремено засилен ветер од северозападен правец.

Во Скопје се очекува сончево и многу топло време, со слаб до умерен ветер од северозапад.

Во сабота температурите ќе се задржат на исклучително високо ниво и повторно ќе достигнат до 43°C.

Од недела, времето ќе се промени. Температурите ќе почнат да опаѓаат, а во делови од земјата ќе се појави локална нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен, а повремено и засилен северен ветер, што ќе донесе свежина и нешто попријатни услови.

Mia Home Mavrovo