ПРВ.мк
Македонија

МРТОВ ПИЈАН ЗАД ВОЛАН: Излетал од патот кај Чашка со измерени 1,96 промили алкохол!

МРТОВ ПИЈАН ЗАД ВОЛАН: Излетал од патот кај Чашка со измерени 1,96 промили алкохол!

Седумдесетгодишен скопјанец бил приведен откако со автомобил „Фиат“ излетал од коловозот на регионалниот пат Извор–Велес, во близина на крстосницата кај Чашка. При полициската контрола било утврдено дека возел под дејство на алкохол, при што му биле измерени 1,96 промили во крвта.

Според информациите од полицијата, сообраќајната незгода се случила на 15 октомври, во 12:10 часот. Полициски службеници од Полициското одделение Чашка го лишиле од слобода Б.Ј. (70) од Скопје, кој управувал автомобил „Фиат“ со скопски регистарски ознаки.

За среќа, во незгодата нема повредени лица. Увид на местото на настанот извршила екипа од Секторот за внатрешни работи Велес, а возачот бил задржан во полициска станица.

За случајот бил известен јавен обвинител. Од полицијата информираат дека по целосното документирање на настанот против возачот ќе биде поднесена соодветна пријава.