ПРВ.мк
Македонија

Морничава мистеријa: Шест жртви, сомнеж за култ зад злосторствата!

Морничава мистеријa: Шест жртви, сомнеж за култ зад злосторствата!
Kristal

Бугарската полиција отвори обемна истрага по серија убиства што ја потресоа јавноста, откако шест лица поврзани со еколошка невладина организација беа пронајдени мртви под сомнителни околности. Надлежните не ја исклучуваат можноста зад злосторствата да стои култ.

Случајот започнал на почетокот на февруари, кога во планинска куќа сопственост на невладината организација биле откриени телата на три лица. По првичната истрага, полицијата распишала потерница по тројца осомничени.

Но драмата тука не завршила. Ден подоцна биле пронајдени уште три тела – меѓу нив и сопственикот на објектот, како и две млади лица на возраст од 15 и 22 години. Овој развој дополнително ги продлабочи сомнежите дека станува збор за организирани и ритуални убиства.

Обвинителот, презентирајќи детали од истрагата, изјавил дека случајот по својата комплексност и мистериозна позадина наликува на сценарио од познати американски криминалистички серии.

Истражните органи работат на утврдување на мотивите и евентуалните врски меѓу жртвите и осомничените, додека јавноста со неверување ги следи новите информации за еден од најшокантните случаи во поновата историја на земјата.

FixCredit
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo