ПРВ.мк
Македонија

МОН ги објави резултатите: Доделени над 2.400 стипендии - проверете дали сте на списокот!

МОН ги објави резултатите: Доделени над 2.400 стипендии - проверете дали сте на списокот!
Kristal

Министерството за образование и наука (МОН) ги објави резултатите од конкурсите за стипендии за учебната 2025/2026 година:

  • 900 стипендии за социјална поддршка за ученици од јавните средни училишта.
  • 1.570 стипендии за ученици запишани во дуалните паралелки, каде што практичната настава е зголемена.

Сите апликанти можат да ги проверат своите резултати преку електронскиот портал e-uslugi.mon.gov.mk, во делот „Мои апликации“.

МОН предупредува дека незадоволните кандидати не треба да поднесуваат приговори пред да добијат решение. Жалбите се поднесуваат до Државната комисија за одлучување во управна постапка, во рок од 15 дена од приемот на решението. За малолетни апликанти, жалбата ја поднесува родител или старател.

Средношколците кои добиле стипендија не треба да доставуваат потпишани договори, бидејќи нивните права и обврски се наведени во самото решение.

FixCredit
Atensa 300
Escape