ПРВ.мк
Македонија

Млад човек и малолетник во кола со пиштол – еве што откри полицијата!

Млад човек и малолетник во кола со пиштол – еве што откри полицијата!
Kristal

Денеска (03.12.2025) околу 08:00 часот, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, вршејќи мотопатролна дејност на ул. „1“ во село Јурумлери, сопреле патничко моторно возило „Сеат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.А. (21), а како сопатник се превезувал 16-годишен малолетник, двајцата од Скопје, информираат од полицијата.

При извршените проверки, во возилото бил пронајден пиштол „Екол“ и рамка со шест куршуми. Двете лица се лишени од слобода.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

FixCredit
Atensa 300
Escape