Непосредно пред Божиќ, Германија ја очекува нагла промена на времето и вистинско зимско сценарио. Според најновите метеоролошки прогнози, арктички студ од исток ќе започне да се шири кон земјата, носејќи ниски температури и снежни врнежи.
Од 23 декември, температурите ќе доживеат значителен пад, а студениот воздух кој потекнува од Сибир постепено ќе ја зафати Германија. Неколку водечки метеоролошки модели, вклучувајќи ги американските и европските, покажуваат сличен развој, иако сè уште постои неизвесност околу интензитетот на студот.
Една од можните сценарија предвидува умерено студено божиќно време, додека другата укажува на вистински сибирски бран со силни источни ветрови, познати како „Eistage“, и екстремно ниски минимални температури.
Она што речиси сигурно се очекува е ширење на силен систем со висок воздушен притисок над Северна Европа, кој може да донесе ледени ветрови и дополнително заладување. Во постудената варијанта, дневните температури на вториот ден од Божиќ би можеле да се движат помеѓу 0 и -10 степени Целзиусови.
Најблагото време се очекува во регионот на Горна Рајна, додека најниските температури ќе бидат забележани во Алпите. Снег се прогнозира за 24 декември, особено во јужните делови на земјата и долж брегот на Балтичкото Море, што отвора можност за бел Божиќ во одредени региони.
Иако снежната покривка нема да биде обилна, најмногу снег се очекува во Алпите и локално во делови од Балтикот, помеѓу Гликсбург и Херингсдорф. Сепак, метеоролозите предупредуваат дека прогнозите за врнежи и температури сè уште може да се променат.
Сè ќе зависи од тоа дали арктичкиот студ целосно ќе навлезе и во западна Германија. Засега е сигурно дека источните делови ќе останат под влијание на студен воздух, додека конечниот развој ќе зависи од позицијата на високиот притисок над Северна Европа.
Во овој момент, едно е јасно – шансите за бел Божиќ во Германија се значително поголеми отколку во изминатиот период.
















