ПРВ.мк

МЕТЕОАЛАРМ ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Викендов обилни врнежи, грмежи и невреме во Македонија!

МЕТЕОАЛАРМ ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Викендов обилни врнежи, грмежи и невреме во Македонија!
Jumbo Banner

За време викендов нашата територија  и понатаму ќе биде под влијание на влажен воздушен бран од југозапад. Во ваква ситуација времето кај нас ќе биде многу променливо со честа појава на повремени врнежи од дожд (повремено пообилни). На повеќе места ќе има развој и на грмотевични облаци кои ќе условат појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Локално Атмосферските процеси ќе бидат поинтензивни и во форма на невреме со обилен пороен дожд за кратко време (над 20 литри на метар квадратен), засилен ветер, електирчни пранзења и со појава на град.

И во Скопскиот регион продолжуваат повремените врнежи од дожд. Во делови од котлината тие ќе бидат поројни и проследени со грмежи и засилен ветер (можни се поинтензивни Атмосферски пороцеси, во вид на невреме).

Да напоменам дека само дека за време на овој викенд на планините над 1600/1700 метри надморска височина ќе има и врнежи од снег.

Што се однесува до температурите, тие ќе се искачуваат во интервалот од 9 до 17 степени. Во Скопје максималната температура овој викенд ќе се искачи до околу 16/17 степени.

Поради очекуваните поинтензивни Атмосферски процеси викендов, апелирам на поголема внимателност и тоа поради можните  локални поплавувања, но и поради електричните празнења кои се очекуваат.

Agria
Stenton
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран