По завршувањето на продолжениот викенд, на граничниот премин „Богородица“ се создадоа долги колони на возила што се враќаат од Грција во Македонија. Најголеми гужви се создале во попладневните и вечерните часови.
Граничните служби работат со зголемен капацитет за да го забрзаат протокот на возила, но поради големиот број патници, и покрај напорите, се создаваат значителни задржувања. Слична ситуација е и на другите гранични премини со Грција, каде што возачите пријавуваат долги редици и продолжено време на чекање.
Овој пик во сообраќајот следи по неколкудневниот одмор што многу граѓани го искористија за патување во Грција, уживајќи во убавото време и пролетната атмосфера на туристичките дестинации.
Фото: Роберто Навали/ИГ