ПРВ.мк

Метео предупредување: Следува температурен шок, еве какво време не очекува во наредниот период

Метео предупредување: Следува температурен шок, еве какво време не очекува во наредниот период
VERO Banner

Утре (недела 16 март) и во понеделник (17 март) под влијание на висински циклонски систем западно од нас, во Македонија ќе има повремени локални врнежи од дожд, кои локално ќе бидат поројни и проследени со грмежи и со засилен ветер од западен правец. Локално, Атмосферските процеси можно е да бидат поинтензивни и застапени во форма на невреме.

И во Скопје и околината ќе има локален дожд, а во делови од регионот тој може да биде пороен, проследен со грмежи како и со засилен ветер.

Што се однесува до температурите, тие полека ќе опаѓаат , но и понатаму ќе бидат значително натпросечни за овој период од годината.

Во понеделник (17 март) од попладневните и вечерните часови, и ноќта кон вторник (18 март) поради продор на многу поладен воздух од север, врнежите најпрвин на планините и на Скијачките центри, а потоа и во градовите, особено во северните и во западните предели ќе преминуваат во повремени врнежи од снег. Сето ова ќе биде проследено со засилен до силен ветер од западен и од северозападен, а потоа од северен правец. Температурите нагло ќе опаднат, и до вторник тие ќе бидат пониски од сегашните дури за околу, па и за повеќе од 20 степени.

Локални врнежи од снег и многу поладно време ќе имаме во вторник (18 март), проследено со засилен до силен ветер од северен правец.

Да напоменам дека поради наглите промени на времето, Биометеоролошките услови и понатаму ќе бидат крајно неповолни, па особено ова ќе го чувствуваат метеопатите, каде се можни поголеми здравствени проблеми, па најдобро истите да се консултираат со својот матичен лекар за совет како да се заштитат од овие нагли промени кои се се почести кај нас.

Извор: МетеоАларм
Славчо Поповски

Agria
Stenton
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран