ПРВ.мк

Метео предупредување: Еве какво време попладнево ја очекува Македонија

Метео предупредување: Еве какво време попладнево ја очекува Македонија
Jumbo Banner

Продолжува периодот на променливо облачно и нестабилно време, со повремени дождови, најмногу во попладневните часови. Локално се очекува појава на краткотрајни невремиња, со интензивен пороен дожд. За кратко време, на некои места може да паднат над 15 литри дожд по метар квадратен, а ќе има и грмежи и засилен ветер.

Како што информираше УХМР, максималната температура денес ќе се движи помеѓу 12 и 18 степени. Во Скопје, времето ќе биде променливо облачно, со повремен дожд. Попладне, во делови од котлината се очекува нестабилно време, со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

И во понеделник продолжува променливото и нестабилно време со повремени врнежи од дожд, особено во попладневните часови. Локално ќе има услови за краткотрајни невремиња, со интензивен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде од 2 до 9 степени, додека максималната температура ќе се движи помеѓу 10 и 19 степени.

Agria
Stenton
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран