ПРВ.мк
Македонија

МАКЕДОНИЈА ПРЕД НОВ ВРЕМЕНСКИ ПРЕСВРТ: УХМР за денеска најавува врнежи од снег!

МАКЕДОНИЈА ПРЕД НОВ ВРЕМЕНСКИ ПРЕСВРТ: УХМР за денеска најавува врнежи од снег!

Времето во Македонија денеска ќе биде променливо облачно, со повремени локални врнежи од дожд, а на дел од повисоките планини се очекува дождот да премине во слаб снег, најавува Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Ќе дува умерен ветер од северен правец, кој наместа, особено долж Повардарието, повремено ќе засилува.

Утринските температури ќе се движат во интервал од 1 до 10 степени Целзиусови, додека дневните ќе достигнат од 11 до 19 степени.

Во Скопје се очекува променливо облачно време со повремен дожд. Ќе дува умерен северен ветер, кој во одредени делови од Скопската Котлина повремено ќе биде засилен. Утринската температура ќе достигне до 6 степени, а дневната до 16 степени Целзиусови.

Сепак, временските услови ќе се променат во наредните денови. За време на викендот и на почетокот на новата седмица ќе преовладува сончево и стабилно време, со променлива облачност во текот на денот.