ПРВ.мк
Македонија

(ВИДЕО) ЛЕТАЛ СО 188 КМ/Ч НА АВТОПАТ: Полицијата го фати мотоциклистот со пресретнувач!

(ВИДЕО) ЛЕТАЛ СО 188 КМ/Ч НА АВТОПАТ: Полицијата го фати мотоциклистот со пресретнувач!

Мотоциклист од Гостивар бил фатен како управува со неверојатни 188 километри на час на автопатот Гостивар – Тетово, и тоа на делница каде што максималната дозволена брзина изнесува само 80 километри на час.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, случајот бил регистриран на 15 октомври, околу 16:20 часот. Полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот, користејќи специјално полициско возило – пресретнувач, го забележале мотоциклот „Јамаха“ со гостиварски регистарски ознаки.

Со мотоциклот управувал 27-годишниот В.Б. од Гостивар, кој бил лишен од слобода поради сомнение за сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“, предвидено во член 297-а од Кривичниот законик.

Од МВР информираат дека се преземени соодветни мерки, а против возачот ќе следува постапка согласно законските прописи.

Министерството најавува дека и во наредниот период ќе продолжи со засилени сообраќајни контроли низ државата, при што ќе се користат полициски пресретнувачи за откривање и санкционирање на возачите кои не ги почитуваат сообраќајните правила.

Од МВР потсетуваат дека непочитувањето на ограничувањата на брзината е една од главните причини за сообраќајни незгоди со тешки последици. Оттаму упатуваат апел до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат правилата и прописите и да возат одговорно.

ВИДЕО